„Линеарниот раст“ на заразените со коронавирусот го охрабрува министерот Филипче

Според министерот за здравство Венко Филипче, зголемувањето на бројката на заразените е очекувана, меѓутоа оценува дека е добро тоа што бројот случаи се зголемува линеарно, што значи дека здравствениот систем ќе има капацитет да ги прими сите пациенти.

„Иако сѐ уште е рано било што да заклучуваме, линеарниот раст на заболени во последните 15 дена охрабрува. Имаме број на заболени приближно еднаков секој ден. Ова беше нашата цел од самиот почеток, со ваков тренд нашиот здравствен систем ќе може да ги опслужи граѓаните и добро да се справи со коронавирусот. Пикот на епидемијата допрва доаѓа и сега е потребно сите да останеме дисциплинирани и да ги следиме без исклучок мерките и препораките“, објави министерот Филипче на својот фејсбук профил