Јавувањата најчесто се за совети поврзани со кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, сезонски настинки и симптомна болка.
Од почетокот на отворањето на линијата за медицински совет се обратиле 121.578 граѓани.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во момент на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето. За медицински совет се достапни 25 доктори.