Министерството за внатрешни работи информира дека поради изведување на градежни работи, во близина на Центарот за известување и командување, денеска е направен прекин на телефонската линија 192.
Линијата повторно би требало да биде оспособена по 20 часот, а до тогаш граѓаните кои имаат потреба да пријават нешто во полиција да ја користат бесплатната линија на Центарот за управување со кризи – ЦУК и телефонскиот број 195.