Лион го совлада ПСЖ на неговиот „Парк на принцовите“.

Во дербито од 29-то коло на францускиот фудбалски шампионат, Лион на „Паркот на принцовите“ во неделата вечерта го победи ПСЖ со 1:0, а почеокот на натпреварот доцнеше десетина минути, бидејќи автобусот со играчите на гостинскиот тим заглави во сообраќај на патот кон стадионот во Париз.

Дербито го реши голот на Бредли Баркола во 56 минута од натпреварот. Гостите имаа одлична можност да поведат во 38 минута, но Александре Лаказет не го реализираше пеналот. Напаѓачот на „лавовите“ ја погоди стативата. Тоа беше негов седми промашен слободен удар за Лион од 31 обид.

Домаќините бараа пенал во судиското надополнување на првото полувреме кога Нуњо Мендеш нафрли од левата страна и од непосредна близина го погоди Дејан Ловрен во раката. Сепак, судијата Франсоа Летексие по проверката на ВАР-от одлучи дека не станува збор за пенал.

Тоа беше втор последователен домашен првенствен пораз на парискиот тим по поразот од Рен со 0:2 на 19-ти март и втор пораз од Лион на „Паркот на принцовите“ во последните 15 натпревари.

Во претходниот натпревар, Монако го победи Стразбур со 4:3, освојувајќи важни бодови во борбата за пласман во Лигата на шампионите. Тимот од Кнежевството поведе со 1:0, но гостите до крајот на полувремето со два гола во низа го свртеа резултатот. Во продолжението од натпреварот Монако постигна три гола за предност од 4:2, а во самата завршница Стразбур го ублажи поразот постигнувајќи трет гол.

Стрелци за Монако беа Вандерсон (19), Елисе Бен Сегир (54), Едан Диоп (58) и Јусуф Фофана (65), додека Лебо Мотиба (32), Гиљермо Марипан (41-аг) и Хабиб Диало (90+3) погодија за гостите.

Ремс го победи Нант со 3:0 на гости, забележувајќи ја четвртата победа во последните пет кола. Головите за гостите ги постигнаа Алексис Флипс (38, 40) и Маршал Муњеци (58).

Брест го совлада Тулуз со 3:1, освојувајќи важни бодови во борбата за прволигашки спас. Гостите поведоа во 10 минута со голот на Тијс Далинг, но Брест возврати со три гола во серија, а стрелци беа Стив Муние (33), Жереми Ле Дуарон (63) и Махди Камара (84).

Клермон со пресврт победи со 2:1 против Ајачио. Гостите поведоа во 25. минута со голот на Муинаим Ел Идриси, израмни Грејон Кјеио од пенал во 60 минута, а истиот играч реализираше уште еден пенал во третата минута од судиското надополнување за победа на Клермон.

Анже и Ница одиграа 1:1. Терем Мофи погоди за Ница во 5 минута, а Ибрахим Наина израмни десет минути подоцна.

Во првиот натпревар во неделата, Лил го победи Лориен со 3:1. До 77 минута се играше релативно мирно, а домашните брзо поведоа откако Кабела во 13 минута ја погоди противничката мрежа. Сепак, во 77 минута Коне израмни на 1:1 и со тоа му се закани на фаворизираниот домаќин. Сепак, веќе во 79 минута гостите наидоа на нови проблеми откако Абергел доби втор жолт картон. Лил ја искористи предоста во самата завршница, а човек на одлука беше 24-годишниот косовски фудбалер Едон Жегрова, кој влезе во игра во 82 минута, а погоди во 89 и 91 минута за победа на домашната екипа.

На табелата води ПСЖ со 66 бодови, Ланс и Марсеј имаат по 60, а Монако 57 бодови. Лион е деветти со 44 бодови.