Кошаркарите на Лирија и Работнички одиграа драматичен натпревар во Суперлигата, а на крајот во „Кале“ се радуваа домаќините славејќи со 91:87. Гостите од „Градски парк“ има за што да жалат за бодовите од оваа средба затоа што пред крајот на полувремето имаа предност од 20 поени, која ја прокоцкаа во вториот дел.
Работнички по првотот полувреме го заврши со +17, но Лирија притисна во последните два периоди и успеа да се избори за продолжение. Во него, токму домашниот тим беше поуспешен со 15:11, што беше доволна за значајна победа во ова дерби.
Најефикасен во составот на победничкиот тим беше Трајковски со 24, Нешовиќ постигна 18 поени, додека во редовите на Работнички, Симоновски постигна 23 поени. За Лирија ова беше петта победа во Суперлигата, додека Работнички има скор 4:5.
Резултати: Куманово – Кожув со 83:74, МЗТ Скопје – Струмица 102:71