Утре со почеток во 12 часот, во Порта Македонија, ќе биде презентиран литературен портрет на Ленче Стоименова, поет, прозаист, сатиричар и карикатурист од Кочани.
Ленче Стоименова и е позната на пошироката читателска публика како автор на романите: „Ледена кока кола“ и „Покажи ми ја среќата“, збирката поезија за деца „На Велигден“, приказните за деца „Зборови се редат, приказни се предат“, збирка поезија за возрасни „Врзани до последен здив“, како и збирките афоризми „Жегла“ и „Буба лази“.
Стоименова е исто така позната и како карикатурист и илустратор на книги.
За богатиот литературен опус на Стоименова ќе зборува сатиричарот и член на Друштвото на писатели на Србија, Миле Ѓорѓијоски.