Белорусија испратила барање за правна помош во истрагите за спроведување геноцид врз белоурскиот народ до 17 земји, а до десега официјално било одбиено од балтичките соседни земји Литванија и Латвија, објави во неделата белоруската телевизија СТВ повикувајќи се на челникот на истражната група на белоруското јавно обвинилество за геноцидот, Валериј Толкачев.
„Подготвивме и испративме соодветни меѓународни барања за пружање правна помош до 17 земји. Сфаќаме дека некои ќе ни одговорат позитивно и ќе помогнат во истрагата за кривичното дело, а дека некои нема. На пример, за жал, ќе ги споменам нашите соседи Литванија и Латвија, кои официјлно одбија да ни пружат правна помош“, рекол членот на белоруското државно јавно обвинителство.
Според Толкачев, двете земји го орбазложиле своето одбивање со тоа дека тоа може да влијае „на прашање од (нивната) национална безбедност“.
„Но, всушност, гледаме дека тие на сакаат да помогнат во истрагата за масакрите врз цивилите и да помогнат да дојдеме до историската правда, да ги покажаме размерите на трагедијата на белорускиот народ. Тие официјално нѐ одбија“, наведува Толкачев.
Конкретно, според истрагата, станува збор за извесен Антанас Лудвико Импулевичиус-Импуленас, наречен „Мински месар“, бил задолжен за литвански баталјон кој изведувал казнени операции на територијата на регионите Минск, и окрузите на Минск и Брест. Како што Црвената армија се приближувала до границите на Литванија во Втората светска војна, „Минскиот месар“ и другите членови на баталјонот учествуваа во активностите на други вооружени колаборационистички формации, вклучително и ткн Армијата за одбрана на татковината, која соработувала и биле под директна команда на нацистичка Германија. Белоруските истражители се заинтересирани и за извесен Волдемарас Хубертас Лаимутис Адамкавичиус, кој подоцна го промени своето име во Валдас Адамкус, кој се приклучил на штабот на литванските фашистички единици и самоволно станал замениј на „Минскиот месар“.
Додава дека повеќе илјадници сведоци веќе биле сослушани за истрагата за геноцидот врз Белорусите..
„Истражниот тим досега сослуша повеќе од 12.500 сведоци. Половината од нив биле заточеници во (германските фашистички) концетрациони логори, логорите на смртта, ветерани во Големата татковинска војна“, вели Толкачев.
Минатата 2021 година белоруските иследници спровеле 12 ископувања и пребарувања во рамките на истрагата за геноцидот.
Во април 2021 година Државното јавно обвинителство на Белорусија отвори кривичен предмет за геноцид врз белориското населние во периодот на Втората светска војна. Обвинителите објавија дека планираат дека во рамките на меѓународните договори да ги покренат прашањата за екстрадиција голем број осомничени лица кои сѐ уште се живи и побара правна помош во прв ред од Русија и Германија, како и други земји. Претходно државниот обвинител Андреј Швед изјави дека повеќе од 400 лица, поврзани со систематското фашистичко унишување на белорускиот народ во текот на првата половина од 1940-те години се лоцирани во 17 земји.
Според белорускиот закон за геноцид кој претседателот Александр Лукашенко го потпиша на 5-ти јануари годинава, со кој се потврдува геноцид извршен врз белорускиот народ од нацистите и нивните соработници, а го криминилазира јавното негирање па и во медиумите на ова најтешко воено злосторство. Во образложението се наведува дека во Втората светска војна повеќе од 5.000 села биле целосно изгорени заедно со сите нивни жители, а во Белорусија биле уништени 9.200 села.