Српската министерка за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ изјави за белградски „Новости“ дека Србија во преговорите со ЕУ до крајот на оваа година тешко дека ќе може да го отвори поглавјето 31 кое се однесува на надворешната, безбедоносната и одбрамбената политика, а според весникот, причина за ова е блокадата од страна на Литванија поради односите на Белград и Москва.
За блокадата на Литванија, Јоксимовиќ вели дека “треба да се сфати дека при оценката на секое прашање од значење за надворешната и безбедносната политика, членките поаѓаат од сопствените национални интереси и со консензус го подигаат до ниво на заедничка политика на ЕУ. Од земјата кандидат се очекува до зачленувањето постепено да се усогласува со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ”.