Литванија планира да уништи околу 90 отсто од свињита кои се одгледуваат во оваа земја поради епидемија од африканска чума, објави „Франс Прес“, пренесува Нетпрес.
Целта на надлежните е да останат најмногу до 10 отсто од свињите кои се одгледуваат, односно околу 60.000, за да не се дозволи ширење на вирусот, изјавил за АФП портпаролот н ветеринарните служби во Литванија.
Русија и Белорусија забранија увоз на свинско месо и продукти од него кои не се термички обработени, откако минатата недела бил откриен вирусот на африканска чума.
Во среда литванските власти планираат и официјално да објават вонредна состојба во граничните реони со Белорусија, за кои според Вилнус, било утврдено дека се извор на епидемијата на африканска чума.