Литвански режисер убиен во Мариупол – Со години ги документирал настаните во градот

Во Мариупол вчера е убиен литванскиот филмски режисер Мантас Кведаравичиус, кој долги години ги документираше настаните во градот, соопшти украинското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека „руските окупатори додека се обидуваа да го напуштат Мариупол го убија литванскиот режисер Мантас Кведаравичиус“.

– Изгубивме човек кој до последен момент, и покрај опасноста, работеше во Украина, која е окупирана од Русија – изјави литванскиот претседател Гитанас Науседа.