Вандали на неколку камени споменици во меморијалниот посветен на жртвите на холокаустот во литванската престолнина Вилнис ги испишале буквите „Z“ и „V“ кои руската војска ги користи како симболи на препознавање во своите борбени операции во Украина, објави полицијата.
Премиерката Ингрида Симоните го осуди графитите во населбата Панериаи како „очигледна провокација“ којашто има цел да го „посее поделби“ во литванското општество, без да прецизира на кого точно мисли.
„На едно од најтрагичните места во историјата на Литванија, гаде што нацистите и другите криминалци убиле илјадници невини луѓе, провокатира оставиле уште еден симбол на омразата“, пишува во писмената изјава на премиерката Симоните.
Германските нацисти и нивните тогаш сојузнички литвански власти убиле околу 120.000 луѓе во шумата Панериаи меѓу април 1941 и 1944 години во Втората светска војна. Меѓу нив 70.000 биле Евреи главно од Вилнус, а другите жртви во мнозинство од руската и полската заедница, како и литвански антинацисти.
Овој меморијал и во минатото бил вандализиран со нацистички и антисемитски ознаки и пораки, потсетуваат локалните медиуми.
Литванската еврејска заедница го осуди „циничниот вандализам“ и ги повика властите што побрзо да го истражат инцидентот. „Институционалната и јавна апатија кон ваквите напади е неприфатлива“, стои во соопштението. Германската амбасада во Вилнус, исто така, изрази солидарнот со еврејската заедница.
Од почетокот на руските воени операции во Украина, на руските воени возила често се забележува ознаката „Z“, којашто означува „За победа“ а ја користат приврзаниците на руската офанзива ширум светот. Ознаката „V“, пак, се толкува со фразата „Моќта е во вистината“ (Сила В правде).