
Кина ги поздравува странските вложувања и ќе продолжи да се отвора кон светот, изјави во вторникот заменикот на кинескиот премиер Лиу Хе на Светскиот економски форум во швајцарски Давос.
„Кина е сигурна дека нејзината економија ќе го врати вообичаениот тренд на растот во 2023-та и очекува забележителен раст на увозот, корпоративните вложување и потрошувачката“, рекол Лиу во говорот во кој, како што истакнува агенцијата Reuters 11 пати го споменал „јакнењето на меѓународната соработка и зачувувањето на светскиот мир“.
Додал дека Пекинг ќе продолжи да го поддржува приватниот сектор, ќе го промовира пазарниот натпревар и ќе спроведе реформи на своите државни гиганти. Лиу отфрлил како „невозможно“ дека Кина би можела да се врати на патот на планската економија.
„Кина секогаш ќе го промовира сеопфатното отворање и ќе ги подобрува и квалитетното отворање. Странските вложувања се добредојдени во Кина, а вратите на Кина само и натаму ќе се отвораат“, истакнал Лиу Хе.
Неговото присуство во Давос го означува првото странско патување на кинеска делегација на високо ниво, откако Кина во декември започна со укинувањето на строгите мерки за „нулта толеранција“ на коронаворусот со кои се заштитуваше 1,4 милијарди големата популација, но штетеше на деловните активности со рефлексија на пад на глобалниот раст а Кина речиси три години ја отсече од остатокот на светот.
Лиу ги повикал „меѓународните пријатели“ да ја посетат Кина и рекол дека враќањето на „нормалното ги надмина нашите очекувања“.
„Времето коешто беше потребно да се достигне епидемиолошкиот врв и да се вратиме во нормалата беше релативно брзо. Во некоја смисла тоа ги надмина нашите очекувања. Преминот севкупно беше стабилен и без тешкотии“, истакнал Лиу и покрај бројните критики за недостигот од транспарентност од страна на Пекинг кога станува збор за бројот на смртните исходи и хоспитализираните од Covid-19 последниот месец.
Лиу рекол и дека главните тешкотии во врска со Covid-19 во моментов се однесуваат на повозрасните лица, но дека достапноста до „болниците, болничките кревети, лековите, лекарите, медицинските сестри и различните третмани целосно е осигуран“,
„Топло ги повикуваме нашите меѓународни пријатели да ја посетат Кина“, рекол Лиу појаснувајќи дека локалната епидемиолошка политика повеќе не бара карантин, туку само негативен тест на коронавирусот стар најмногу 48 часа.