![chl](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/11/chl.jpg?resize=300%2C168&ssl=1)
Најинтересен, барем на хартија, ќе биде дуелот помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул, иако според моменталната форма, најверојатно, ова ќе биде само уште една рутинска победа за “кралскиот клуб”. Ливерпул и на “Енфилд Роуд” не успеа да пружи некаков посериозен отпор против Шпанците, па беше поразен со 0:3. За разлика од тој дуел, Ливерпул на ова гостување ќе биде и без услугите на Стивен Џерард и Рахим Стерлинг, што дополнително ги намалува шансите на “црвените”.
За разлика од нив, кај “кралевите” се враќа Герет Бејл, кој заедно со Кристијано Роналдо и Карим Бензема ќе го напднат голот на Ливерпул од самиот почеток на натпреварот.
Покрај овој меч, вечерва се играат уште неколку интересни средби од 4. коло од Лигата на шампионите, а особено возбудлив и неизвесен се очекува да биде дуелот во Русија, помеѓу екипите на Зенит и Баер Леверкузен.
Лига на шампиони
4. коло
Зенит – Баер(Л)
Арсенал – Андерлехт
Базел – Лудогорец
Бенфика – Монако
Борусија(Д) – Галатасарај
Јувентус – Олимијакос
Малме – Атлетико(М)
Реал Мадрид – Ливерпул