Ливерпул да изброи 22 милиони евра за Морено

Вицешампионот на Англија, тимот на Ливерпул и понатаму важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на офанзивниот лев бек од редовите на шпанскиот прволигаш Севилја, Алберо Морено.

Фудбалските медиуми на Островот потврдија дека дваа клуба веќе седнале на преговарачката маса, но никако не можат да се договорат околу обештетувањето кое англискиот премиерлигаш треба да го плати за 21-годишниот репрезентативец на Шпанија.

Првата официјална понуда на „црвените” од „Енфилд” од 17 милиони евра е одбиена со образложение дека офанзивниот лев бек ќе добие дозвола за промена на клупската средина за време на летниот преоден рок само доколку новата понуда на Ливерпул не биде помала од 22 милиони евра.

Фудбалерот на Севилја најверојатно ќе потпише 4-годишен договор со англискиот клуб, а итаквиот договор му гарантира годишна заработувачка од 3 милиони фунти.