Ливерпул го освои Лига купот

Фудбалерите на Ливерпул се победници на годинешното издание на англискиот Лига куп откако во финалето на стадионот „Вембли“ по продолженијата го совладаа Челзи со 1:0.

Прашањето на победникот го реши Вирџил ван Дијк со гол во 119. минута. Тоа беше негов втор гол на натпреварот, но оној од 60. минута беше поништен поради офсајд. По асистенциите од ВАР-собата во 32. минута, беше пониптен и погодок на Челзи.

„Црвените“ стигнаа до рекордната десетта титула во Лига купот значително ослабени со отсуството на Алисон Бекер, Мохамед Салах, Дарвин Нуњез, Трент Александер-Арнолд, Џоел Матип, Диого Јота, Тиаго Алкантара, Куртис Џонс и Доминик Шобошлаи.

Од другата страна отсуствуваа Беноа Бадијашиле, Карни Чуквуемека, Марко Кукурела, Весли Фофана, Рис Џејмс и Тиаго Силва.

За Ливерпул ова е десетта титула освојувач на Лига купот во 14-финалето, додека лондонскиот тим го забележа петтиот пораз во десеттото финале.

Можеби немаше голови во 90-те минути, но секако не беше здодевно. Првата шанса ја имаше Ливерпул во 14. минута, Луис Дијаз шутираше, но Ѓорѓе Петровиќ беше подготвен. Сините возвратија шест минути подоцна, но Каоимхин Келехер одлично го одбрани ударот на Кол Палмер.

Во 32. минута избраниците на Јирген Клоп ги спаси ВАР-от. Рахим Стерлинг постигна гол, но асистентот Николас Џексон беше во офсајд. Ливерпул во првото полувреме најблиску до погодок беше во 40. минута, кога Челзи го спаси рамката од голот. Коди Гакпо шутираше, но ја погоди стативата.

Во продолжението прв се закани тимот од Лондон. Во 52. минута Џексон повлече по левото крило проигрувајќи го Енцо Фернандез во шеснаесетникот. Аргентинецот со петицата лошо шутираше кон голот, иако имаше двајца соиграчи кои очекуваа повратната топка.

Мрежата се затресе во 60. минута. Ендрју Роберстон нафрли од слободен удар, а Вирџил ван Дијк прекрасно погоди за 1:0. Сепак, радоста на играчите и навивачите на Ливерпул кратко траеше, бидејќи голот беше поништен по прегледот на снимката поради недозволена позиција.

Во 76. минута и играчите на Челзи ја затресоа рамката од голот. Конор Галагер ја прими топката во шеснаесетникот и веднаш шутираше, но таа ја погоди левата статива.

На пет минути до крајот на натпреварот Челзи имаше одлична шанса. Палмер проигра покрај Галагер, кој беше во ситуација еден на еден со голманот, но Келехер со навремена реакција го спаси неговиот гол. Во судиското надополнување беа видени уште две одлични можности за „Сините“, но Келехер во продолжението од акцијата одбрани удари од Палмер и Нкунку.

Немаше многу возбудувања во судиското продолжение до 119. минута кога Ван Дијк погоди со глава по нафрлувањето на Константинос Цимикас.

Ова е прв трофеј за Ливерпул сезонава, а „ловат“ уште три. „Црвените“ водат во Премиер лигата со 60 бодови, пред Манчестер Сити со 59 и Арсенал со 58 бодови. Наскоро ги очекува осминафиналето од ФА Купот против Саутемптон, како и осминафиналето во Лига Европа против Спарта Прага.