Ливерпул го потопи Лидс, пораз на Тотенхем

Во одложениот натпревар од 19-то коло на англиското фудбалско првенство Ливерпил со 6:0 го декластираше Лидс Јунајтед, приближувајќи му се на водечкиот Манчестер Сити на само три бода заостанување.

Стрелци за Ливерпул беа Мохамед Салах двапати од пенал во 15 и 35 минута, Садио Мане во 80 и во 90, а по еднаш погодија Џоел Матип во 30 и Вирџил ван Дајк во третата минута од судиското продолжение.

Ливепрул, кој сега се изрмани со Манчестер Сити според бројот одиграни натпревари, заостанува само три бода од 12-те преостанати кола, од кои и директниот судир на „Итихад“ на почетокот од април.

Откако викендов на негов терен го победи Сити со 3:2, Тотенхем во одложениот меч од 13-то коло киксираше дома од Барнли кој победи со 1:0. Решавачкиот погодок го постигна Бен Мее во 71минута. Тотенхем најблиску до погодок беше во 47 минута, но Хари Кејн ја погоди гредата.

Во третиот дуел синоќа Кристал Палас на гостувањето со 4:1 го победи Кристал Палас.