Ливерпул го торпедира Арсенал

Ливерпул без поголеми проблеми го совлада Арсенал со убедливи 4:0 во 12. коло од Премиер лигата.

Првото полувреме донесе тотална офанзива на „црвените“.

Окс, Салах, Жота имаа можност, а херој на лондонскиот тим беше голманот Рамсдејл, кој имаше неколку неверојатни интервенции.

Во средината на првото полувреме Ремсдејл ги спаси гостите по одличниот удар на Арнолд. А гостите имаа една шанса во првото полувреме преку Обамејанг.

Се играше во 39. минута кога се затресе мрежата на Арсенал, а стрелец за 1:0 беше Мане по еден прекин, тој со глава го погоди подалечниот агол од голот на Арсенал и одличниот Рамсдејл немаше шанса. Асистентот беше Арнолд.

Во продолжение слична игра на теренот, а Жота приреди вистинско ремек дело во 52. минута, ја „ифрли“ одбраната на Арсенал и погоди за 2:0.

„Топџиите“ можеше да оди полошо, но Рамсдејл брилијантно ги спречи обидите на Мохамед Салах во два наврати.

Салах сепак погоди по одличната асистенција на Мане во 74. минута и беше 3:0.

Во 77. минута, само една минута откако влезе во игра и го замени Жота, Јапонецот Минамино погоди за 4:0, а втора асистенција забележа Арнолд.