Ливерпул нема да прифати ниту една понуда за напаѓачкото трио

Сопственикот на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Џон В Хенри потврди дека за време на летниот преоден рок нема да прифати ниту една понуда доколку истата биде наменета за Луис Суарез, Даниел Стариџ или Рихам Стерлинг.

“За среќа, Ливерпул на располагање ги има услугите на Суарез, Стирлинг и Стариџ. Станува збор за многу добри напаѓачи, за многу млади напаѓачи. Јас сум убеден дека ова трио уште многу години ќе го носи дресот на Ливерпул. Сакам уште сега да ги информирам сите заинтересирани клубови дека Ливерпул нема да прифати ниту една понуда за новните услуги доколку истата е испратена за време на летниот преоден рок”, изјави сопственикот на “црвените”.