
Сѐ уште актуелниот англискиотфудбалски шампион Ливерпул објави во вторникот дека минатата 2020 година остварич загиба од 46 милиони фунти, односно 53 милиони евра, пред оданочувањето.
Ливерпул учествуваше во создавањето на елитното натпреварување Суперлига на најбогатите и најквалитетни клубови на континентот, но како и другите англиски клубови брзо се повлече од намерата, главно под притисок на навивачите и јавноста.
Првенствено се нагаѓаше дека Ливерпул поради финансиските тешкотии се решил за влегвуае во Суперлигата, што сега барем делумно е потврдено со денеска објавениот финансиски извештај.
Ливерпул во последните 12 месеци поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот загбил 88 милиони фунти, откако во претходниот извештај од март претходната 2020 година објави загуба од 42 милиони фунти.
Вкупниот негативен ефект од кризата, до моментот кога навивачите ќе може да се врати на трибинините, би можел да изнесува дури 120 милиони фунти или 137 милиони евра, според броцените во британските медиуми.
„Извештајот покажува колкаво влијание имала кризата и колку паднале главните финансиски приходи. Пред кризата бевме во солидна финансиска ситуација, сега се обидуваме кризата да ја преживеаме со претпазливо дејствување. Можеме да бидеме оптимистични во поглед на крајот на оваа сезона, но се надевам дека работите ќе е нормализираат во следната“, изајви директорот на клубот Енди Хјуз.