Во финалето на англискиот Лига куп ќе се соочат фудбалерите на Челзи и Ливерпул кој во четвртокот на лондонски „Емирејтс“ славеше со 2:0 над Арсенал.
Тоа беше доволно Ливерпул да мине, откако првиот меч одигран на неговиот „Енфилд“ минатата седмица заврши без голови.
Ливепрул беше подобар во Лондон и можеше да победи и со поголема разлика. На „Топчиите“ им пресудија Александер Арнолд и Диого Жота. Првиот двапати асистираше, додека Португалецот двапат погоди во 19 и во 77 минута.
Арсенал дуелот го заврши со десет играчи откако два жолти картона му беа покажани на Партеј во 87 и 90 минута.
Челзи претходно се пласираше во финалето со двете победи над Тотнехем, од 2:0 и 1:0.
Ливерпул ќе оди по деветтата титула во Лига купот, а засега рекордот го дели со Манчестер Сити со по осум трофеи. Пет пати бобедници биле Астон Вила, Челзи и Манчестер Јунајтед.