![sautempton liverpul](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/sautempton-liverpul.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Фудбалерите на Ливепрул се вратија на врвот од табелата во англиската Премиер лига откако на отворањето на 33-то коло во петокот на гостувањето кај Саутемптон славеа со 3:1 (1:1).
Саутемптон поведе со голот на Шејн Лонг во 9 минута, а Ливерпул израмни преку Наби Кеита во 36 минута. Победата „Редсите“ ја обезбедија во последните десет минути од дуелот, преку Мохамед Салах кој беше прецизен во 80 а шест минути подоцна гол постигна и Џордан Хендерсон.
Ливепрул сега има 82 бод, два повеќе со меч повеќе од актуелниот шампион Манчестер Сити. Саутемптон, пак, остана 16-ти со 33 бодови, пет повеќе од 18-от Кардиф Сити кој го држи местото кое води во понизок ранг.
Од ова коло дуелите веќе ги одигра во вторникот Вотфорд и Фулам (4:1) и Вулверхемптон – Манчестер Јунајтед (2:1). Во сабота играат Хадерсфилд – Лестер, Њукасл – Кристал Палас, Борнмут – Барнли, во недела се игра дербито Евертон – Арсенал а во понеделник Челзи – Вест Хем. Поради настапи во куп натпреварувањата одложени се средбите Манчестер Сити – КАрдиф Сити, Вотфорд – Фулам и Тотенхем – Брајтон.