Ливерпул преку Тотенхем во финалето на Лига купот

Финалето на англискиот Лига куп оваа сезона ќе се игра меѓу Њукасл, кој го избори во средата и Ливерпул, кој во четвртокот го победи Тотенхем.

На „Енфилд“, фудбалерите на Тотенхем ја донесоа предноста од 1:0 од првиот меч што го игаа на свој терен, но водечкиот тим во Премиер лигата ја надополни негативата во реваншот победувајќи со убедливи 4:0.

Ливерпул поведе во 34. минута кога Гакпо ја прими топката на подалечната статива и погоди прецизно за водство на домашните. Ливерпул продолжи да напаѓа до крајот на натпреварот, а на стартот од вториот дел беше досуден пенал за домашната екипа откако гостинскиот голман Кински го собори Нуњез. Салах погоди од пенал за 2:0 во 51. минута, а сѐ беше решено во 75. минута кога Шобошлаи погоди за 3:0.

Целиот натпревар, а и остатокот до крајот, се играше со повеќе шанси пред двата гола. Стативите неколкупати ги спасуваа и домашните и гостите, а сето тоа заврши со голот на Ван Дијк по нафрлување од корнер во 80. минута.

Во средата, Њукасл стигна до финалето откако во реваншот го совлада Арсенал на домашен терен со 2:0. И првиот натпревар го доби Њукасл како гостин со истиот резултат 2:0.