Во првиот дуел од осминафиналето на Лигата на шампионите, фудбалерите на Ливерпул во Будимпешта како гости со 2:0 го совладаа германскиот претставник РБ Лајпциг, и создадоа голема предност пред реваншот на својот „Енфилд“ на 10-ти март.
Дуелот се играше во унгарската престолнина, поради рестрикциите за влез во Германија, особено од земјите и регионот во кои е доминантен британскиот сој на коронавирусот.
Ливерпул победи благодарејќи на големите грешки на одбраната на Лајпциг, но без разлига на тоа англискиот првак ја прикажа најдобрата партија последните триесеттина дена, кога низата повреди и лошата форма го фрлија во серија од порази во Премиер лигата и пад на шестото место.
Во првиот дел и двете екипи имаа по една голема шанса, но ги искористија. Веќе во 6 минута шпанскиот репрезентативец Дани Оло со глава ја погоди стативатата, а во 15 минута голманот Гулаши со рамо го одбрани ударот од близина на Мохамед Салах..
Салах сепак се впиша како стрелец во 53 минута, кој го пресече невнимателното додавање на Забитцер и отворениот пат кон противничкиот гол го претвори во водство на Ливерпул. Само пет минути подоцна Садио Мане зголеми на 2:0, по уште една голема грешка на одбраната на Лајпциг. Бекот Мукиеле ја промаши топката која беше упатена кон Мане, кој се најде во слична ситуација како и Салах при првиот погодок и лесно поентираше. Лајпциг во продолжението не реализираше неколку шанси за погодок.