Фудбалерите на Ливерпул се првите финалисти во годинешното издание од англиското ФА Куп, најстарото фудбалско првенство на светот кое годинава слави 150 години од основањет, тие во полифиналето на лондонски „Вембли“ го совладаа Манчестер Сити со 3:2 (3:0).
Ливерпул во првото полувреме создадде голема предност од 3:0 уште во првото полувреме, а првиот погодок веќе во 9 минута го постигна Ибрахим Конате со удар со глава по изведениот корнер. Пред одењето на одмор, Садио Мане ја погоди мрежата на Сити во 17 и 45 минута. Сенегалецот првиот гол го постигна откако го „собра“ противничкиот голман Зак Стефан во неговиот петерес, но судијата наместа да досуди очигледен прекршок и да го казни Мане се картон, покажа на центарот. Вториот погодок Мане го постигна со итар удар во поблискиот агол од десеттина метри.
Во продолжувањетео Сити се обиде да го анулира големото заостанувањето, брз намали преку Џек Грилиш во 47 минута, но дури во 90 минута Бернардо Силва успеа да намали на 2:3. Во судиското продолжение Сити создаде две добри шанси за израмнување, но Алисон беше сигурен на својот гол.
За Ливерпул ова ќе биде 15-то финале во ФА Купот, кој досега го освојуваше седум пат, а последниот дури во 2006 година.
Ривалот на Ливерпул во финалето закажано за 14-ти мај, исто така, на „Вембли“, ќе биде подобриот од дуелот меѓу Челзи и Кристал Палас кој се игра во недела во 17,30 часот.