Фудбалерите на Ливерпул изборија место во финалето на англискиот Лига куп (Карабао кап( откако со драматичен пресврт го надоместија заостанувањето од 1:3 во основниот дел од дуелот а потоа со подоброто изведување на пеналите го победија Лестер Сити.
Џереми Варди со головите во 9 и 13 минтуа на „Лисиците“ им донесе два погодока предност во раната фаза од дуелот на „Енфилд“. Алекс Окслејд-Чембрлејн во 19 минута го намачли зоастанување на Ливерпул, а Џејмс Медисонм во 33 минута повторно гостите го однесе на два гола предност. Диего Жота во 68 минмута намали на 2:3, а ерупција од одушевување предизвика голот на Минамино во петтата минута од судискоро продолжување со што Ливерпул дојде до пенал-рулетот.
Во серијата јунак стана ирскиот голман Каоимхин Келехер кој доби можност да бранина овој меч. Во четвртата серија го одбрани шутот на Лук Томас и така им донесе предност на „Редси“, но во петтата серуија Минамино ја погоди пречката. Но во следната серија Келехер повторно одбрани, овојпат на Рајан Бертранд, а Диого Жота го одведе Ливерпул во полуфиналето.
Челзи славеше со 2:0 на гостувањето кај Брентфорд. Водството екипата на Тухел ја доведе автоголот на Јансон во 80 минтуа, а Жоргињо во 85 минута од пенал го постави крајниот резултат.
Тотнехем на својот стадион го совлада Вест Хем со 2:1, а сите погодоци беа постигнати во првото полувреме, Бергвијн на 29 минута Спарс ги доведе во водство, Боуен израмни во 32 минута, а Лукас Моура во 34 минута погоди за конечниот резултат.
Веднаш по завршувањето на дуелите беше одржано жребување кое го одреди двојките Арсенал – Ливерпул и Челзи – Тотенхем. Првите натпревари на распоредот се во седмица која започнува на 3-ти јануари а реваншите се седум дена подоцна.