![liverpul](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/09/liverpul.jpg?resize=696%2C418&ssl=1)
Во единствениот неделен натпревар од четвртокот коло од англиското фудбалско првенство Ливерпул беше сигурен со 3:0 на гостувањето кај Лидс Јунајтед.
Супериорната игра во првото полувреме Ливерпул ја материјализираше со погодокот на Мохамед Салах кој во 20 минута од пет метри го проследни во мрежата приземното бафрлување на Александер-Арнолд. Прашањето на победеникот беше решено се чини уште во 50 минута, кога Фабињпо од мешаница од корнер зголеми на 2:0.
Но само неколку минути подоцна дојде до многу тешка повреда на 18-годишниот играч од средниот ред на Ливерпул – Елиот, кому му настрада скочниот зглоб по дуелот со Стуијк. Сите во близина на Елиот веднаш се фатиа за глава, а на несреќниот тинејџер неколку минути му беше укажувана помош на теренот пред да биде изнесен на носилки.
Поради стартот судијата го исклучи играчот на Лидс. До крајот на мечот Садио Мане во втората минута од судиското продолжение ги постави конечните 3:0.
Со победата Ливерпул со 10 бодови им се приклучи на водечките Манчестер Јунајтед и Челзи, додека Лидс е 17-ти со два бода.
Колото во понеделник ќе биде заокружено во Ливепрул, каде што се среќаваат Евертон и Барнли.