Ливерпул со пресврт до триумф над Тотенхем за плус шест во однос на Манчестер Сити

Ливерпул го совлада Тотенхем со 2:1 вечерва на домашен терен во дерби натпреварот од 10. коло од шампионатот на Англија.

Гостите поведоа преку Хари Кејн уште во првата минута од средбата. После 51 минута резултатот го изедначи играчот од средниот ред на домаќините Џордан Хендерсон. Во 75. минута од натпреварот, Мохамед Салах од пенал го постави конечниот резултат.

По оваа победа, Ливерпул има 28 бода на врвот на табелата, шест повеќе од второпласираниот Манчестер сити.

Тотенхем е на 11.место со 12 бода.