Ливерпул во солзи, титула само на сон

Веданш по срамното реми, неговиот тим прокоцка предност од три гола во последните десет минути од натпреварот против Кристал Палас, менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс изјави дека шампионската титула во англиската Премиер лига сигурно ќе заврши кај фудбалерите на Манчестер Сити.

Гигантот од “Енфилд” има само еден бод предност пред второпласиранот Манчестер Сити, но популарните “граЃани” имаат еден натпревар помалку кој ќе го одиграат утре, а за противник го имаат гостинскиот тим на Астон Вила.

“Имавме потреба од победа, моравме да го добиеме овој натпревар. Само со победа ќе му вршевме притисок на Манчестер Сити. Главниот ривал последните два натпревара ги игра на домашен терен и јас сум убеден дека ќе ги добие истите и ќе ја освои шампионската титула. Имавме фантастична сезона се до натпреварот против Челзи. Нормално дека сме многу разочарани, но мораме да продолжиме со изградбата на овој тим”, изјави Роџерс.