Ливерпул за едно полувреме го реши Норич

Актуелниот европски фудбалски првак Ливерпул убедливо го започна новиот шампионат на Англија и во петокот вечерта на својот „Енфилд“ со 4:1 (4:0) го победи новакот во Премиер лигата Норич Сити.

Ливерпул поведе со автоголот на Грент Хенли уште во 7 минута, а потоа следеа головите на Мохамед Салах во 19, на Виргил ван Дијк во 28 и на Дивок Ориги во 42 минута. Поразот на Норич го ублажи Еему Пуки во 64 минута.

Во сабота играат Вест Хем Јунајтед – Манчестер Сити, Борнмут – Шефилд Јунајтед, Барнли – Саутемптон, Кристал Палас – Евертон, Вотфорд – Брајтон и Тотенхем – Астон Вила, а во недела Лестер – Вилверхемптон, Њукасл – Арсенал а првото големо дерби сезонава го играат Манчестер Јунајтед и Челзи.