Ливерпул за Мбапе понуди 250 милиони евра, 50 милиони повеќе од Реал

Ливерпул е спремен да плати 250 милиони евра и бонуси за Килјан Мбапе (24) и со тоа влезе во борба со Реал за француската ѕвезда, која ќе ја донесе конечната одлука и избор, тврди агентот на ФИФА, Марко Кирдемир, кој е добро упатен во ситуацијата.

По седум години минати во ПСЖ, Мбапе го напушта клубот откако емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, пред четири дена му постави ултиматум на семејството на најплатениот играч.

Сега за Французинот има две опции – до крајот на месецот да го продолжи договорот кој завршува следното лето, или да го напушти клубот.

ПСЖ воопшто не размислува за третата опција – без обештетување да ја пушти ѕвездата за која годишно плаќа вртоглави 72 милиона евра. Мбапе изјави дека не сака да игра за ПСЖ по јуни 2024 година, па емирот одлучи да го продаде Мбапе.

https://twitter.com/PurelyFootball/status/1673458409419558912?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1673458409419558912%7Ctwgr%5E6126cccd59e4c6cc0e0ade52af9b821b9fffa7cc%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsport%2Ffudbal%2Fliverpul-za-mbape-ponudi-50-milioni-evra-poveke-od-real%2F

И најреномираниот извор од пазарот на фудбалери, Фабрицио Романо, објави дека ПСЖ сака веднаш да го продаде Мбапе.

Се пишуваше дека емирот на Катар и претседателот на Реал, Флорентино Перес, веќе го договориле трансферот на Мбапе за 200 милиони евра како фиксна сума и 50 милиони евра бонус.

Одамна е познато дека Мбапе сака да оди само во Реал, но во приказната се појави сензационална вест бидејќи сега во игра влезе и Ливерпул.