
Фудбалерите на Ливерпул моментално му се приближија на водечкиот Манчестер Сити на само три бода заостанување, откако во саботата во 29-то коло од англиското првенство оствари гостинска победа од 2:0 против Брајтон едн Хов Албион.
Домашните беа подобар ривал во првите 15-ина минути од мечот, но тоа не успеаја и да го материјализираат. И веќе во 19 минута се чини се одигра клучниот момент на мечот, кога Матип упати долга топка кон Луис Диаз кој избегна офсајд замка, а потоа ја искористи и погрешната процена на домашниот голман Санчез кои остана на „погрешна нога“ и со глава од работа на шеснаесетникот ја испрати топката во празната мрежа. Потоа Санчец и неконтролирано со нога го погоди Дијаз во градите и требаше да биде исклучен, но судијата Дин сепак го „поштеди“.
Ливепрул ја потврди победата во вториот дел. Откако Бисума невнимателно со рака го запре ударот на Мане, судијата покажа на белата точка а сигурен реализатор во 61 минута беше Салах.
Второпласираниот Ливерпул сега има 66 бодови, три помалку од Манчестер Сити кој во понеделник ќе му гостива на Кристал Палас. Брајтон, пак, е 13-ти со 33 бодови, и може евентуално да назадува едно место на табелата.