Лиза Кудроу открива дека ја нашла белешката на Пери во сад за колачи

Ѕвездата на хит-серијата „Пријатели“ Лиза Кудроу во телевизиско шоу откри дека неодамна пронашла белешка од нејзиниот покоен колега Метју Пери во сад за колачи кој ѝ го подарил на снимањето.

Пери, кој го играше Чендлер Бинг во хит американскиот ситком, почина на 28-ми октомври минатата година од „акутни ефекти од злоупотреба на кетамин“ на 54-годишна возраст.

Додека се појавуваше во „The Drew Barrymore Show“, сега 61-годишната Кудроу зборуваше за различни работи, вклучувајќи го и подарокот на садот: „Метју ми го даде на крајот од нашата последна снимена епизода. А јас неодмана во него најдов порака која ми ја наменил. Не го отворав, ниту ѕирнав во него. Но да, внатре беше порака, а јас заоравив на неа. За сѐ постои вистински момент.

По смртта на Пери, ѕвездите од „Пријатели“ – Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Мет Лебланк, Дејвид Швимер и Кудроу издадоа заедничка изјава во која велат дека се „целосно скрешни“ и дека биле повеќе од актерски колеги. „Ние сме семејство“, напишаа тие.

Во 2021 година, актерската екипа повторно се обедини во ТВ-шоу првпат откако серијата ја прослави својата десетгодишнина во 2004 година, станувајќи феномен на поп-културата.

По смртта на Пери, истрагата откри „огромна подземна криминална мрежа“ на луѓе кои го „експлоатирале“ кога тој повторно ѝ подлегнал на зависноста есента 2023 година, рече обвинителот Мартин Естрада на брифинг со новинарите минатата година.

Пери трагал по лек за депресија и анксиозни нарушувања и станал зависник од интравенски кетамин. Потоа им се обратил на „бескрупулозните лекари кои сметаа дека Пери е начин да се заработи брзо“, рече Естрада.

Пет лица беа обвинети во врска со неговата смрт во август минатата година.

Актерот отворено зборуваше за неговите борби со злоупотребата на супстанции и зависноста и организираше отворање установа за мажи кои се борат со слични проблеми. По неговата смрт, основана е фондација на негово име, со цел да им помогне на сите кои се борат со зависноста.