Бомбардерот на италијанскиот калчо гигант Јувентус, Фернандо Љоренте, ја негираше пласираната информација дека е многу лут поради одлуката на актуелниот селектор на Шпанија, Винсенте дел Боске, кој не му испратил покана за настап за денешниот пријателски натпревар против селекцијата на Италија, а му има испратено на натурализираниот Шпанец, Диего Коста.
“Јас морам да ја прифатам конечната одлука на Дел Боске. Нормално дека сакав да бидам дел од пријателскиот натпревар против селекцијата на Италија, но Диего Коста има фантастична сезона. Ќе бидам многу тажен ако не бидам дел од престојниот Мундијал во Бразил, но има уште многу време до конечниот список со фудбалери кои ќе ја претставуваат Шпанија и кои ќе се обидат да ја одбранат светската титула”, изјави Љоренте.