Љубомир Јовески е нов јавен обвинител

Со 61 глас за, еден воздржан и ниту еден против, во присуство на 69 пратеници, Собранието даде одобрение и го назначи Љубомир Јовески за нов шеф на македонското обвинителство.

Неговиот мандат трае шест години и доаѓа на местото на Марко Зврлевски, кој претходно беше разрешен.

Претходно пратениците два пати гласаа, но не успеаја да обезбедат кворум, поради што претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја одложи седницата.