Љубош, Козле и Дижонска без вода

Поради изведување на водоводен приклучок профил ф-150 милиметри на улица Дижонска бб, без водоснабдување ќе останат корисниците на четири згради од истоимената улица од 09:30 часот па се до изведување на истиот.

Поради реконструкција на водоводна мрежа профил ф-350 милиметри на улица „Јури Гагарин“ бр.47, без водоснабдување ќе останат корисниците на повисоките точки во населбата Козле од 09:00 часот па се до завршување на реконструкцијата.

Поради дефект на водоводна мрежа профил ф-80 милиметри на улица 3, во с.Љубош, без водоснабдување од 21:30 часот се корисниците од истоимената улица. Дефектот ќе биде саниран денес 08.10.2014 година.