Тетовското Обвинителство до надлежниот суд поднесе предлог за издавање казнен налог против 40-годишен тетовец, кој се товари за повреда на угледот на странска држава по член 181 од Кривичниот законик.
„Со коментар со вулгарна и навредувачка содржина на социјалната мрежа ‘Фејсбук’, на 12.4.2022 година, обвинетиот ја изложил на подбив тогашната амбасадорка на САД во земјата и на тој начин го сторил кривичното дело“, велат од Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот суд во Тетово да му изрече на обвинетиот парична казна од 100 дневни глоби.
Инаку, казна од 100 дневни глоби изнесува околу 200.000 денари, а тогаш амбасадорка на САД во земјава беше Кејт Мари Брнз.