Лога ја урна довербата во судството, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе проба да ја зголеми, рече Мицкоски

-Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање во врска со изјавата на Кренар Лога, дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Судскиот Совет е лош, посочи дека таа реформа беше поддржано од пола милион граѓани.

-Што се однесува до самата реформа, излеговме пред граѓаните, добивме половина милион гласови, објавивме фронт и борба против криминалот и корупцијата и една од мерките беше таа што јавно ја зборувавме. Јас на секој настан, на секоја средба со граѓаните јавно кажував, рече Мицкоски и додаде: Господинот Кренар Лога имаше можност во својот мандат, наместо да има судството доверба кај граѓаните од 2,3,5 отсто, да направи реформи и таа доверба да ја зголеми. Сега ќе дојде некој друг на негово место кој се надевам дека ќе успее барем двоцифрена да ја направи довербата. За жал, тој одлучи наместо да работи за граѓаните, плодна почва од каде ќе се изнајдат кадрите во обвинителството посебно и судство, да биде Зајас. Мислам дека лоша локација на google maps нашол, требало да најде поинаква. рече Мицкоски.