-Корупцијата во високообразовните установи, ги разорува општествените вредности, преку несигурност во примената и доследноста на мерилата и ослабување на институциите, што на крајот се манифестира во падот на квалитетот на живеење, изјави министерот за правда Кренар Лога, во својата панел дисусија на тема,, Корупција во Високо образование”. Тој рече дека се поразителни високите перцепции за корупција во високото образование и дека формите на корупција може да бидат различни, од активен и пасивен поткуп, до тргување со влијанија, злоупотреби во јавни набавки, постапки на селекција, вработување и унапредување, акредитирање, како и практики на непотизам и кронизам.
Министерот порача академската заедница сама да ги прочисти своите редови и да го зачува својот интегритет и углед и дека ни е потребен регистар на дипломи за да нема злоупотреби и корупција.
-Во евиденцијата на карактеристични предмети за случаи на корупција се наоѓа и предметот за случајот „Еразмус“, случај каков не смееме да дозволиме повторно да се случи, рече тој.
Во истражување спроведено во 2022 година објавено од ОБСЕ, за перцепцијата за родовите форми на корупцијата во високото образование во РС Македонија ,84 % од испитаниците – студенти сметаат дека корупцијата е проблем во високото образование во нашата земја, додека шест од десет испитаници истата ја проценуваат како голем проблем. Како главен поттикнувач на корупцијата во високото образование се издвојува наставно-научниот кадар (професори, доценти, асистенти).