Министерот за правда, Кренар Лога, на својот Фејсбук профил се пофали со неговиот личен извод од матичната книга на родени кој е двојазичен и е издаден на 27 месецов.
Графата националност во изводите се воведе со новото Упаство за водење на матичните книги кое го донесе Министерството за правда.
Министерот за правда тврди дека упатството за задолжително изјаснување за националноста во матичните изводи не се коси со законите и дека се заснова на Законот за матична евиденција, според кој евиденцијата за националност веќе ја има во матичните книги.