Локализиран е пожарот во општина Зелениково, хеликоптер на МВР исфрли над 40 тони вода

Одделот за воздухопловни единици на МВР денеска по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар меѓу селата Вражани и Моране, општина Зелениково,го упати хеликоптерот Бел-412ЕП и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарот е локализиран.

Хеликоптерот Бел-412ЕП врз пожарот исфрли над 40 тони вода.