
Локализиран е пожарот кај селото Љубин, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
– Со прецизно дејство на трите авиони „ер трактори“ на ДЗС, како и едниот хеликоптер на МВР, пожарот е локализиран. Екипа скопски пожарникари вршат обиколка и догаснување на остатоците од пожарот, појасни Ангелов.
Претходно, од ЦУК информираа дека избувнал пожар кај селото Љубин и навлегол во боровата шума.
Фото: ЦУК