Регионалниот центар за управување со кризи – Струмица соопшти дека е локализиран и ставен под контрола шумскиот пожар што почна вчера меѓу селата Селемли и Стојаково, каде гореше мешана шума.
Во моментов нема активно горење.
На терен се седум вработени од ЈП НШ ПШС Кожув и вршат контрола на истиот.