Двата пожари во кои синоќа изгореа десет хектари ниско и високостеблеста шума во близина на Маврови Анови, денеска се ставени под контрола. Полицијата дополнително ќе изврши увид за утврдување на причините и штетата од пожарите.
Два далеководи кои минуваат во близина на опожарените површини, превентивно синоќа биле исклучени, но, од утрово повторно се под напон.
Екипите на Националниот парк „Маврово” и пожарникарите речиси четири часа ги гаснеле пожарите кои избувнале вчера, околу 19 часот.