
Претседателот на Собранието Талат Џафери денес истакна дека локалните избори ќе бидат распишани на 6-ти август, а истите треба да се одржат на 15 октомври.
Државната изборна комисија се подготвува за претстојните локални избори. Изминатиот месец донесе неколку подзаконски акти правилник за измена на правилникот за начинот и постапката за решавање приговори; упатство за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатските листи за локални избори; упатство за утврдување на личниот идентитет на гласачот; упатство за важечки и неважечки гласачки ливчиња…
По одложувањето на локалните избори кои требаше да се одржат на пролет, со што на градоначалниците и советите им истекоа мандатите, локалните самоуправи продолжија да функционираат технички само со тековни активности по донесените законските измени.