Лондон: Блер предупредува на изборна замка

Британскиот премиер Борис Џонсон поставува „изборна замка“ за опозициската Лабуристичка партија, која треба да се избегне, предупреди поранешниот премиер на таа земја Тони Блер.

– Борис Џонсон знае дека ако не постигне договор за Брегзит, може да пропадне, доколку тоа не го поврзе со прашањето на Корбин за парламентарни избори. Тој може да успее и покрај тоа што мнозинството е против Брегзит без договор, бидејќи некои повеќе се плашат Корбин да стане премиер, истакна Блер.

Според поранешниот премиер, лидерот на лабуристите Џереми Корбин треба да види оти избори пред Брегзит се само „замка за слонови“.