Велика Британија ќе почека пред да донесе одлука за нови напади против силите на шиитската заедница Хути во Јемен за да го заштити меѓународниот бродски сообраќај, изјави во понеделникот британскиот министер за одбрана Грант Шапс.
„Да почекаме и да видиме што ќе се случи, бидејќи не сакаме да бидеме вклучени во акција во Црвеното Море. Но, на крајот на денот слободата на навигација е меѓународно право што треба да се заштити“, изјави Шапс за Sky News на прашањето дали Британија повторно би нападнала.
Велика Британија учествуваше во нападите предводени од САД против силите на Хутите во Јемен минатата седмица по нивните повеќемесечни напади врз бродови кои пловат кон Израел или се во израелска сопственост во Црвеното Море, но не учествуваше следниот ден кога американските сили извршија нов напад.
Претходно учество во меѓународна воена поморска коалиција во Црвеното Море на повик од Вашингтон, исклучија НАТО- сојузниците Шпанија и Франција, а Германија засега децидно не се изјасни.
Оттогаш, Хутите истрелаа противбродска крстосувачка ракета врз американски разурнувач во јужниот дел на Црвеното Море во неделата. Тој бил нводно соборен од американски борбен авион.
Шапс рече дека Британија ја следи ситуацијата. „Тие треба да бидат свесни дека ако ова не престане, секако дека ќе треба да донесеме одлуки што треба да се донесат“, рече тој.