Велика Британија нема намера во скоро време да ѝ испорача на Украина модерни борбени авиони според НАТО стандардите, бидејќи не сака да ризикува тајните производствени технологии да дојдат до руските стручњаци и не сака да испраќа свои граѓани во воената зона да ги сервисираат тие летала, изјави британскиот заменик министер за одбрана Џејмс Хипи.
„Испораката на авионите е голема работа (…) Логистика, гориво, ремонт, инженерство, авионика и зачестени доверливи единици за обезбедување на борбена примен согласно стандардите на авионите на НАТО, сето тоа бара значителни напори и експертиза на теренот, на аеродромите. А, тоа би значело испраќање луѓе во Украина“, рече Хипи доцна во средата на брифингот со странските новинари.
„Но, не можете едноставно да ги предадете ловците од третата и четвртата генерација на инженери кои немаат искуство со нив и да се очекува од нив да имаат повеќе од еден лет“, дообјасни вториот човек на британското Министерство за одбрана.
Коментирајќи ја најавата на британската влада за обука на украинските пилот да управуваат со НАТО борбени авиони, Хипи нагласи дека тој потег не мора да значи испорака на авионите на Украина во блиска иднина.
„Одлуката за обука на пилотите е донесена затоа што од дискусиите за состојбата на украинските воздухопловни сили стана јасно дека бројот авиони коишто им останале не соодветствува на бројот борбени пилоти кои ги имаат. Затоа, борбените пилоти, кои ги имаат повеќе, имаат можност да ја напуштат Украина и да започнат обуки на други авиони во очекување на испораките на НАТО авионите во повоеното мирно време“, истакна Хипи.
Потенцира дека украинските пилоти во Велика Британија ќе бидат обучен за летање со ловците „Eurofighter Typhoon“. Хипи посебно го истакна фактот дека британската влада не ја исклучува целосно испораката на борбени авиони на Украина следите месеци, но оти засега нема такви планови.
Пред две седмици, пред состанокот со украинскиот претседател Володомир Зеленски во Лондон, британскиот премиер Риши Сунак изјави дека украинските војници во британските бази ќе бидат обучувани во кралската морнаричка пешадија и за пилоти на современи борбени авиони по стандардите на НАТО, кога Киев инсистираше од западните сојузници да добие авиони и ракети со долг дострел. Подоцна министерот за одбрана Бан Валас појасни дека за испораките на авиони се дискутира со сојузниците, но дека Лондон нема намера во скоро време самостојно да испорачува борбени летала.