Лондон и Париз склучија договор за мигрантите вреден 577 милиони долари

Велика Британија ќе ѝплати на Франција околу 480 милиони фунти (577 милиони американски долари) во следните три години за да помогне во запирање на бранот мигранти кои пристигнуваат на британското компно со бродови.

Договорот го објавија британскиот премиер Риши Сунак и францускиот претседател Емануел Макрон во текот на самитот посветен на обновата на нивните односи по долгогодишни расправии по британското истапување од Европската унија и проблемите кои произлегоа од тој потег.

Тоа беше првиот самит на двете земји, постојани членки на Советот за безбедност и нуклеарните сили, во последните пет години.

Според договорот, Британија ќе помогне во финансирањето на центрите за притвор во Франција. Двете земји, исто така, се согласија да испратат службеници од нивните агенции за борба против криминалот во земјите на рути кои често ги користат шверцерите на луѓе. Парите ќе се исплаќаат етапно, а Французите, исто така, ќе придонесат со значително повеќе пари, велат тие.