Велика Британија најави дека ќе обезбеди дополнителнми 1,3 милијарди фунти помош во орује за Украина.
Британскиот премиер Борис Џонсон, кому украинската криза му ја зачува позицијата, е најгласниот приврзаник на вооружувањето на Украина и поттикнувањето на продолжувањето на борбата против Рисија. Неговата влада, освен испраќањето воени инструктори и „доброволци“ во Украина, украинската војска редовно ја снабдува со противтенковски и противвоздушни ракетни системи и друго вооружување.
Новото ветување за воена помош за Киев, дадено пред средбата на челниците на седумте најразвиени светски економии од групата Г7, речиси ги удвојува претходните испораки за Украина.
Владата во Лондон соопшти дека тоа е најголемата стапка на потрошувачка во еден воен судир од британските војни во Ирак и во Авганистан, иако не ги објави деталите од таквите пресметки. Само соопшти дека „дополнителната потрошувачка на Украина ќе дојде од резрвите коишто владата ги користи за идни случаи“.
„Бруталниот напад од (рускиот претседател Владимир) Путин не само што предизвикува неверојатно разорувања во Украина, туку ми се заканува на мирот на безбедноста ширум Еропа“, рече Џонсон чиишто министри за одбрана, за надворешни и за внатрешни работи доживеаја бламажи при посетата на Москва пред почетокот на војната во Украина, како и во подигрувањето на руските пранкери кога мислеа дека разговараат со украински министри по почетокот на конфликтот.
Џонсон, инаку, минатата седмица стана првиот западен челник кој му се обрати на украинскиот парламент по почетокот на војната.
Лидерите на седумте земји од Г7, во која се Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД, ќе одржат виртуелен состанок со украинскиот претседател Владимир Зеленски во неделата, ден пред Русија да го одбележи Денот над победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.
Британската влада, исто така, соопшти дека премиерот Џонсон ќе биде домаќин на состаникот на шефовите на водечките компании произведувачи на оружје кон крајот на мај, за да се разговара за згоелмување на нивното производство „како одговор на зголемената побарувачка (на оружје) создадена со војната во Украина“.
Велика Британија досега даде голема воена помош, но досега прифати релативно мал број од повеќето од пет ипол милиони Украинци кои ја напуштија земјата по избивнувањето на судирите. Владата соопшти дека во саботата дека досега издала над 86.000 визи за Украинци, од кои 27.000 пристигнале во Британија.