![radovan karadzic](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/radovan-karadzic.jpg?resize=620%2C372&ssl=1)
Британската влада во средата објави дека се согласила поранешниот политички лиер на босанските Срби, Радован Караџиќ, осуден во Хашкиот трибунал за воени злосторства во текот на воените судири во Босна и Херцеговина во 1990-те години, да биде префрлен во британски затрвор каде што ќе го отслужува остатокот од казната.
Сега 75-годишниот Радован Краџиќ во 2016 година беше осуден на 40 години затвор откако беше прогласен за виновен за геноцид поради масакрот во Сребреница во јули 1995 година која српските сили убиле повеќе од 8.000 муслимани.
„Радован Караџиќ е еден од ретките луѓе кои се прогласени виновни за геноцид. Тој бил одговорен за масакрот на мажи, жени и деца во геноцидот во Сребреници и помагал во спроведување на опсадата на Сараево и немилосрдните напади врз цивилите“, изјави британскиот министер за надворешни работи Доминик Рааб.
„Би требало да сме горди со фактот што Велика Британија, од поддршката да биде уапсен, до затворската ќелија којашто сега го очекува, ги поддржуваше 30 години потрагите по правдата за тие гнасни злосторства“, рече Рааб.
Покрај за геноцид, Караџиќ е прогласен за виновен и за воени злостроства и злостроства против човечноста поради 44-месечната српска опсада на Сараево и поради тоа што според пресудата го надгледувал кампањата за етничко чистење на Хрватите и муслиманите.
Криејќи се по војната повеќе од десет години, беше уапсен и предаден на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија во јули 2008 година. По пресудата сместен во судскиот затвор во Хаг.